Радио Милева
„Ха - два - О женска“...

Водителката стекна „течна навика и цицачка одвика“: Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“! (ВИДЕО)

Водителката стекна „течна навика и цицачка одвика“: Снеже Велков веќе не е  „со прстот в уста“! (ВИДЕО)

Снеже Велков, најпознатата пилатес инструкторка и во моментов ТВ водителка на емисијата „Нешто конкретно“ покрај сето останато по што ја знаеме има свое мото: „Блескај“! И навистина освен во еснафското умеење во знаетот, синооката убавица знае да блесне во многу други нешта. Од рецепти за здрав живот, корисни совети, до здрави навики…

А навики како навики, ги стекнуваме низ животот веројатно несвесно, а потоа кога на нешто ќе се „навлечеме“, тешко од истото се одвикнуваме, колку свесно тоа и да го сакаме и поскуваме. Се разбира ова важи само за оние таканаречени „штетни навики“, додека оние останатите од редот: „Она што е убаво и на Бога му е драго“, некако по дифолт си ги „возиме и понатаму“, како дел од нашето секојдневие.

Нo, кога сме веќе кај штетните или поточно т.н. „лоши навики“, Снеже Велков денот го отвори со две убави вести… И тоа врзани токму за навиките, па објави две големи победи… Во нејзиниот живот, секако, кои можат да бидат и добри примери за сите останати кои се соочуваат со слични проблеми.

Имено, русокосата покажа и докажа дека „секоја навика има и одвика“, па така водителката на свое задоволство се пофали дека стекнала „една течна навика и една цицачка одвика“…

Или ако саката поточно, таа сега е многу повеќе „Ха-два-О женска“, а патем… Снеже Велков веќе не е „со прстот в уста“!

Или во превод: Водителката научила како да пие повеќе од два литри вода во денот, а во исто време и престанала да грицка нокти!

Објаснувањето за навиката на “хидрирање на телото одвнатре во поголеми колични“,  погледнете го во видеото подолу…

А она за одвиката цицање прсти и грицкање нокти – за крај…

Патем, ако имата слични навики, пробајте и вие, можеби и Вам ќе ви успее!

Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze

Останати вести од Радио Милева