Радио Милева
учесниците - може, водителот-никако...

Водителката на реалното шоу „Парови“ доби „нога“: Покажа среден прст во програма и… повеќе ја нема пред камерите! (ФОТО)

Водителката на реалното шоу „Парови“ доби „нога“: Покажа среден прст во програма и… повеќе ја нема пред камерите! (ФОТО)

Примерот на српската ријалити водителка покажа дека можеби во реалните шоуа на учесниците „се’ им е дозволено“, но не и на водителите!

Водителката Јелена Мачиќ, која водеше едно од најгледаните реални шоу програми „Парови“ претходните две сезони, годинава гледачите нема да ја гледаат на малите екрани.

„Јелена потпиша договор со продукцијата да биде водител и на седмата сезона и договорот меѓу нив беше таков.Сепак, таа не се најде како водителка во осмата сезона, иако сите ја очекуваа на истото место.

Дали „пукнала тиквата“ или таа самата решила да го напушти проектот, сè уште не е познато.Она што е сигурно е дека продукцијата не планира, не барем засега, Јелена Мачиќ да се врати на позицијата водител на реалното шоу „Парови“ – изјави за „Блиц“ извор близок до продукцијата на популарното реално шоу.

Да потсетиме, Мачиќ неодамна имаше жестока расправија со Јелена Голубовиќ, при што и го покажа средниот прст во програмата, а потоа им се извини на социјалните мрежи на гледачите, за нејзиниот непромислен потег.

„Им се извинувам на сите гледачи што покажав среден прст во програмата“ – напиша таа, но… ОЧигледно тоа не беше доволно да ја задржи работата!

Останати вести од Радио Милева