Радио Милева
и вака и така не чини?

Виктор Апостоловски му беше гостин на јутјуберот Мими Марковски, а уште на почетокот му откри како е да си тазе женет (фото)

Виктор Апостоловски му беше гостин на јутјуберот Мими Марковски, а уште на почетокот му откри како е да си тазе женет (фото)

Битолскиот јутјубер Мими Марковски овој пат во неговото југо го собра пејачот Виктор Апостоловски, па гледачите на неговите интересни видеа имаа можност да слушнат совет од тазе женетиот соговорник.

Виктор уште на почетокот нагласи дека  бидејќи сега му е нова жената, си ја гушка и сака па, затоа го доби и прашањето:  „Како е да си женет вака тазе?“

На што пејачот видно возбуден раскажа и сподели  што тоа значи:

„Да ти кажам право чудна работа е, сите ти велат жени се и после од кога ќе ја запросиш ти велат е сега ќе видиш што те чека“  – мафтајќи со прстот како опомена за мало дете кое направило голема грешка и напоменувајќи дека после е џабе штом веќе е готова работата…  Па бесплатниот советот што го делат сите наоколу е многу нејасен?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Понатаму во видеото Виктор истакна дека со вереницата сѐ уште не живеат во официјална заедница.

Иако, Виктор неговата избраничка официјално ја запроси во Турција, тој сега откри дека таа поради емоционалната приврзаност со нејзините родители уште малку сака да ужива по старо.

Целиот разговор на пејачот Виктор Апостоловски  и Мими Марковски проследете го во продолжение:

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јутјуб

Останати вести од Радио Милева