Радио Милева
секој би посакал

Весна Змијанац претпочита да има голем хит, отколку да земе половина милион евра – еве и зошто (фото)

Весна Змијанац претпочита да има голем хит, отколку да земе половина милион евра – еве и зошто (фото)

Весна Змијанац гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, па на прашањето на водителот дали повеќе би сакала да земе половина милион евра во кеш или голем хит, таа одговори дека секогаш би одбрала добра песна.

Taa вели дека од секој свој мегахит заработила по 500.000 евра, а  најмногу пари во богатата кариера на пејачката и донеле песните „Јорговани“, познат дует со Дино Мерлин и хитот „Невера“.

– Од само еден мегахит кој трае со години може да се заработат најмалку 500.000 евра! Мора да е сериозна песна, како што е, на пример, „Јорговани“, која се слуша над 35 години. Исто така и „Невера“ која ја снимив пред 45 години, а сѐ уште ја пеам на настапи. Замислете само колку пати ја пеев за пари во сите овие децении и колку заработив од тоа. И во денешно време еден таков хит може да „фати“ – објаснила пејачката.

Иако нејзината ќерка Николија Јовановиќ се занимава со забавна музика, Весна би сакала да сними дует со неа: 

– Наскоро треба да објавам нова песна. Немам планиран албум, тоа е премногу работа за мене. Би сакала да снимам дует со Николија, само треба да ја најдеме вистинската песна. Песната „Кад замиришу јорговани“ беше убедливо еден од најголемите хитови на територијата на поранешна Југославија во 1980-тите. Објавен е на албумот на Весна „Истина“, кој е продаден во рекордни 900.000 примероци. Дино Мерлин еднаш откри како дошло до дуетот со Весна.

„Дуетот настана по неуспешниот трет албум. Добив идеја да снимам дует, но не знаев со кого. И додека разговарав со менаџерот во кафеана за тоа, едн колега ми дофрли: Весна Змијанац! Веднаш се спакувавме, се упативме кон Белград и упаднавме во студиото каде што Весна го сними албумот. По првото слушање, Весна реши да го сними овој дует“, вели Дино Мерлин во интервјуто.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева