Радио Милева
како калфа и чирак...

Весна – Бејби со роденденска исповед од детството и стара фотографија како честитка за „Happy birthday“ на сестра и (ФОТО)

Весна – Бејби со роденденска исповед од детството и стара фотографија како честитка за „Happy birthday“ на сестра и (ФОТО)

Македонската актерка и водителка Весна Бејби Петрушевска е навистина уникатна по многу нешта. И таман ќе помислите дека за неа се’ се знае, Бејби ќе изненади со нова случка, приказна, фотографија, пост на социјалните мрежи…

Така и овој пат, кога на нејзината постара сестра Маја  и го честитатше роденденот, на многу необичен налчин – со роденденска исповед и фотографија од детството како роденденска честитка за сестричката!

Инаку, Маја е новинар по вокација и оддамна не живее во Македонија. Живее во Велика Британија… во Лондон и работи во една од редакциите на Би – Би – Си! Не се гледаат премногу често, ама кога ќе се видат… мора да е вистинска „лудница“!

До душа, „лудница“ е секогаш кога сте во друштво на Бејби, а и кога не сте баш толку близу до неа. Конечно таа не го заборави роденденот на сестричката, ама не заборави и да ја потсети и неа и себе си и сите други што ги познаваат и не ги познаваат какви биле како деца. Со постирана фотографија и исповед на „хулиганот“:

„Маја е навистина повеќе од сестра. Денес Маја имаш роденден и сакам да ти кажам дека си најпрекрасното суштество во мојот живот. Таа љубов не се мери и не се брои. Знаеш дека ми недостасуваш како вода и воздух, но знам дека си совршена мајка на Јана и Ема и супер грл на Џоле. Те љубам до најмалите ѕвезди. Среќен роденден! “

„Маја е постара од мене цели две и пол години. Мене ми е повеќе од сестра. Кога бевме многу малечки сами се чувавме, оти нашите родители беа постојано на рабо-та. Имав само 4 години кога уредно ѝ го местев столчето на Маја за да може да се поткачи и да ги измие садовите. Тоа беше еден однос како калфа и чирак. Во мојот млад живот, од четиригодишна возраст па сè до 10 години, ѝ бев вреден чирак на Маја. Ја прашував за сè, дали може да станам, да седнам, да трчам, да избришам прашина. Беше трпелива со мене. Само еднаш, веројатно многу сум ја изнервирала, се сеќавам дека ми го акна малото сино тенџерче од глава. Во првите пет минути бев во шок и го слушав одѕвонувањето на тенџерето во моите уши како најлоша музика, а потоа сакав да ѝ вратам, но Маја цел живот беше повисока 10 сантиметри од мене. Ми се гледаше како џин, како да ѝ вратам кога е голема, можев евентуално да ја сопнам” – јавно се исповеда Бејби на својот Инстаграм профил покрај роденденската честитка до дада и Маја!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/vesnapetrushevska

Останати вести од Радио Милева