Радио Милева
Барби комбинација

Ваква досега не сте ја виделе: Марјана Станојковска „заразена“ од розевиот тренд (ФОТО)

Ваква досега не сте ја виделе: Марјана Станојковска „заразена“ од розевиот тренд (ФОТО)

Вистинската Барби пристигна и кај нас во Македонија, благодарение на атрактивната ТВ водителка Марјана Станојковска.

Пуштената долга руса коса, впечатливата шминка и облеката ја направи Марјана да личи како реплика на Барби од 60-тите, а на нејзиниот Инстаграм профил сликите кои ги објави во кратките приказни, личеа како за насловна страница од некое познато светско модно списание.

Филмот „Barbie“ на режисерката Грета Гервинг наскоро ќе се прикажува во кината, а покрај Марго Роби како Барби, Рајан Гослинг го глуми Кен, со бланширана бела коса.

Филмот е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје од 20 јули, а по тој повод се инспирираше и Марјана која одлучи да ги сподели фотографиите на кои го покажа нејзиниот розов стил кој потсетува на оригиналната Барби.

Розово – белата комбинација на Марјана не и е непозната, таа одамна е „заразена“ со неа, а со таквиот изглед навистина наликува на познатата кукла Барби.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Марјана Станојковска/Варнер Брос/Твитер

Останати вести од Радио Милева