Радио Милева
Покриено, ама голо

„Уметност на тело“: Ана Стојановска неодамна позираше топлес, а сега на себе немаше ништо освен боја (фото)

„Уметност на тело“: Ана Стојановска неодамна позираше топлес, а сега на себе немаше ништо освен боја (фото)
фото:ана стојановска/инстаграм принтскрин

Сигурно досега сте имале можност да ги видите светски познатите актерки,пејачки, модели како позираат голи, но нивните тела се прикриени во боја.

Од Дру Баримор, до Кети Пери,Кејт Мос и многу други досега се фотографираа во вакво издание.

фото:дру баримор/пинтерест

Неодамна едно вакво уметничко разголување во боја најави и нашата актерка Ана Стојановска, која во топлес издание со раката преку градите откри дека работи на нешто ново.

Не помина многу време оттогаш, па сега Стојановска го објави и колоритниот финален резултат каде изгледа секси и егзотично.

фото:ана стојановска/инстаграм принтскрин

На една од фотографиите е сама, додека на другата има машка придружба.

фото:ана стојановска/инстаграм принтскрин

„Арт Буковски“ е името на авторот кој го означи на објавата, а од приложеното евидентно е дека финалниот резултат изгледа ултра автентично, а Ана со својта кадрава коса, витката линија и самоуверениот став била вистинскиот избор за овој „body art“.

Останати вести од Радио Милева