Радио Милева
Мама се реши

Три месеци откако се породи Анастасија Петреска го покажа синчето кое е копија на тато (фото)

Три месеци откако се породи Анастасија Петреска го покажа синчето кое е копија на тато (фото)

Пејачката и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Анастасија Петреска и нејзиниот колега и сопруг, пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски, пред три месеци станаа родители по вторпат.

Овој пат, по првата ќерка, Бог ги даруваше со машко кое го направи семејството уште посреќнно и побогато.
Младите родители не сакаа да откриваат повеќе детали за новиот член, засега се уште не е познато името на бебенцето.

Резервирани беа објавите на Анастасија и за време на нејзината бременост, а таков беше случајот и со таткото кој веројатно во договор со мама Анастасија решија нивната голема семејна радост да ја држат подалеку од очите на јавноста.

Но, за познатиот дедо Наум Петрески ова правило не важеше, па тој веднаш на првата средба со внукот објави и фотографија како гордо го држи првото машко внуче.

По три месеци откако бебето потпркна, мама Анастасија се реши да почне да пее, најави дека ќе настапува, па одлучи и да се пофали со синчето кое е копија на тато Владимир. Родителите се особено горди кога некој ќе им каже дека бебето е целото на тато или пак на мама, а во случајот таткото ја има таа чест.

 

Како и да е, на крајот на краиштата не е важно на кого личи, туку да е здраво и живо, а ако не се мама и тато во ликот ќе се пронајдат баба или дедо, а може и тета, вујче, чичо…

За потсетување, Анастасија и Владимир во 2019 станаа родеители за првпат на малата Андреа која има три годинки.

фото: фејсбук/инстаграм принтскрин/Владимир поповски/Анастасија Петреска/наум Петрески

Останати вести од Радио Милева