Радио Милева
старлета со став

Тијана – „Ајфон“: Оди во реално шоу и психијатрија не ти гине! (ФОТО)

Тијана – „Ајфон“: Оди во реално шоу и психијатрија не ти гине! (ФОТО)

Српската старлета Тијана Максимовиќ, позната како Тијана – „Ајфон“,  отворено проговори за табу-темите на балканските простори: абортусот, проституцијата, сексот во реалните шоуа…

Абортусот би го дозволила само во одредени ситуации, а би осудила ситуација: „Здраво, дојдов тука за да ја прекинам бременоста, не го сакам ова дете“. Јас тоа би го казнила! Постојат ситуации во кои таквиот тежок чекор е единствената опција и затоа абортусот не треба да се генерализира и осудува по секоја цена – објаснува таа.

Тврдам дека девојките кои се занимаваат со проституција се илјада пати поголеми и подобри луѓе отколку оние што ги осудуваат.Тие барем си ја гледаат својата работа. Што се однесува до легализацијата, ниту ми влегува в џеб, ниту ми излегува од џебот. Нека си се бори секој за своето!- вели Ајфон.

Оди во реално шоу и психијатрија не ти гине! Искрено, не знаете што се ‘може да ви се случи во животот. Бев во депресија и мислев дека сум подготвена за на психијатар. Нема ништо лошо во тоа, и не е срамота да паднеш ментално.

Штетно е да не се признае дека имате проблем и тврдите дека не ви е потребна помош од експерт – истакна таа.

Тијана, сосема искрено зборуваше и на тема: “секс на екс” во реалните шоуа, за кој тврди  дека секој што вели дека го немал – лаже!

Секој учесник што вели дека не му се случил секс во шоуто – ве лаже!Малкумина ќе ви признаат, но не гледам што има срамно во тоа? Тоа не може мене повеќе да ми се случи, но моето мото е: „Пробај сè во  животот!“ – резимира Тијана – „Ајфон“.

Останати вести од Радио Милева