Радио Милева
доби затвор...

Тијана Ајфон на суд призна дека организирала меѓународна проституција: Старлетата оди една година зад решетки! (ФОТО)

Тијана Ајфон на суд призна дека организирала меѓународна проституција: Старлетата оди една година зад решетки! (ФОТО)

Тијана Маскимовиќ (29), попозната како Тијана – Ајфон, целосно ја призна вината за организирање меѓународна проституција и е осудена на една година затвор. Во случајот против обвинетата за меѓународно поттикнување проституција, таа целосно ја призна својата вина во присуство на адвокат.

„Согласно договорот, обвинетата беше осудена на една година затвор. Предложената казна е во согласност со улогата и одговорноста на обвинетата при извршувањето на кривичното дело. Со склучување на договорот, обвинетата се одрекува од правото на судење и правото на жалба на пресудата што и ја изрече Судот на БиХ врз основа на договорот“ – изјавил портпаролот на Обвинителството на БиХ, Борис Грубешиќ, известува Српскаинфо.

Судот на БиХ прифатил договор за признавање на вина. Обвинетата беше уапсена во мај минатата година, кога беше утврдено дека нелегално влегла во БиХ, заедно со уште две девојки од  Белград, кои ги подведувала да даваат сексуални услуги за пари, на една приватна забава во околината на Бјелина.

За време на полициската акција, учесниците во забавата биле откриени и уапсени од Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Останати вести од Радио Милева