Радио Милева

Тие се нејзината најголема поддршка: Лина Пејовска ги покажа своите родители (фото)

Тие се нејзината најголема поддршка: Лина Пејовска ги покажа своите родители (фото)
фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Младата и талентирана пејачка Лина Пејовска во 2014 година го освои жирито, но и публиката во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.

Подоцна, таа ја воодушеви и во хрватското шоу „РТЛ ѕвезди“, а во таа прилика се најде на сцената заедно со Нина Бадриќ, Петар Грашо…

Како и многумина нејзини колеги, македонското девојче доста е активно на социјалните мрежи каде што ги споделува своите активности со следбениците.

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Некогаш знае да запее и да сними кавер верзија на некоја песна, па често добива пофалби за тоа, а неодамна се пофали и со новата фрузира.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lina-pejovska-napravi-vpechatliva-promena-na-izgledot-foto/

Меѓутоа, Пејовска деновиве имаше посебен повод да се радува и да биде горда.

Имено, нејзините родители славеа 22 години од брак, а токму по тој повод таа објави фотографија од нив.

„22 години заедно, мама и тато. Ве сакам со целото мое срце“, напиша како објаснување пејачката.

фото: Принтскрин/инстаграм/линапејовска

Сега е јасно од кој ја наследила убавината!

Останати вести од Радио Милева