Радио Милева
повторно се „во арните“...

Тамара Тодевска и Катарина Ивановска со заедничко селфи: Гордите пријателки никогаш поблиски (ФОТО)

Тамара Тодевска и Катарина Ивановска со заедничко селфи: Гордите пријателки никогаш поблиски (ФОТО)

Македонската пејачка Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска важат за големи  другарки,  но и за големи професионалци во своите кариери.

А, кај што со голема слава има и големи расправии, барем така се зборуваше низ кулоарите откако низ чаршијата своевремно тргнаа шпекулации дека се скарани поради изневерена доверба, а на социјалните мрежи започна полемика – каков е односот меѓу нив?!

Еден нивни заеднички пријател кој сакал да остане анонимен, за нивната кавга тогаш изјави:

„Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се  ним и прашајте ги“ – посочи тогаш нивниот заеднички пријател за еден од македонските портали, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Но, помина доста време, тоа беше тогаш, а нивните заеднички дружби како добри пријателки ги продолжија.

Кога е во прашање нивниот однос тоа го потврдија и сега кога на кратките Инстаграм приказни Катарина сподели фотографија на која се гледа колку се блиски пејачката и манекенката.

Тие направиле заедничко селфи, на кое позираа допрени една до друга со очила за сонце и насмевка на лицето, а Тамара горда на нивното пријателство ја репостираше фотографијата на нејзиниот профил.

А, се разбира нема ништо поубаво од времето поминато заедно со блиските пријатели и во сосема обичните денови. А тоа што било – било… Ако било! Поважно е она што е сега!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска/Катарина Ивановска

 

Останати вести од Радио Милева