Радио Милева
се шушка

„Свекрвата од пеколот“ добива нова снаа: Се свршија Ромео Бекам и Миа Реган (фото)

„Свекрвата од пеколот“ добива нова снаа: Се свршија Ромео Бекам и Миа Реган (фото)

Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, Ромео се сврши со својата долгогодишна девојка Миа Реган, пренесува британски „Мирор“, а шпекулациите за потенцијална свршувачка биле поттикнати од големиот дијамантски прстен на нејзината рака кој блеснал набргу откако младиот пар ја обновил својата врска.

Ромео и Миа се во врска три години, а се запознаа во септември 2019 година кога објавија дека се во врска со заедничко видео на Инстаграм.

Во јули 2022 година, Миа и Ромео раскинаа, при што Ромео ја продолжи својата професионална фудбалска кариера во Соединетите држави, а Миа се занимаваше со моделирање во нејзината родна Велика Британија.

Миа во својата кариера работеше за модните куќи Balmain и Gucci Beaty и британскиот Vogue, како и за нејзината идна свекрва, поранешната „спајцица“ Викторија Бекам. Исто така, Миа се појави во Париз и Лондон на тамошните модни недели.

Претходно, извори за „Дејли мејл“ изјавија дека парот се борел да ја одржи „врската на далечина“, но сепак одлучил да раскине.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

– И двајцата се прекрасни млади луѓе и остануваат многу сакани еден со друг, а семејството ја сака Миа – изјави тогаш инсајдерот.

После тоа, Миа продолжи да работи со брендот Викторија и покрај тоа што беше разделена од нејзиниот син.
Многумина тоа го гледаат како добар знак и се надеваат дека „свекрвата од пеколот“ ќе биде подобра кон втората од првата снаа, бидејќи од свадбата на Никола Пелц и нејзиниот најстар син Бруклин, светот се врти за недоразбирања меѓу снаата и свекрвата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Потврдено е дека Ромео и Миа се вратиле заедно во ноември 2022 година, кога Миа била видена на 20-тиот роденден на Ромео, а парот сега живее заедно со Викторија и Дејвид во нивниот дом од 31 милион фунти, кој се наоѓа во лондонскиот Холандски парк.

фото:Instagram/EPA Images

Останати вести од Радио Милева