Трансродовата српска пејачка Електра Елит, откако призна дека покрај пеењето се занимава со најстариот занает на светот и легално заработува од него во Швајцарија, повторно ја шокираше јавноста со нејзината изјава кога побара проституцијата да се легализира и во Србија, но и дека секоја проститутка мора да плаќа данок на државата.
„Дефинитивно во случај да се легализира проституцијата, секоја проститутка мора да плаќа данок и да не биде на товар на државата.
Нема непријавена работа и не смее да ја има. Мора да биде многу коректно со плаќањето данок затоа што се работи за многу пари, и сите тие пари потоа, односно милиони евра на годишно ниво, мора да бидат пријавени. Ако се регулира на тој начин, тогаш нема да има разлика помеѓу улична и елитна проститутка“, изјави трансродовата пејачка за Пинк.рс, чија примарна работа е најстариот занает што го работи легално во Швајцарија, за што зборуваше отворено во последните месеци.
„Во Швајцарија даноците се плаќаат затоа што даваат можност за социјално и здравствено осигурување и разни поволности на други владини и невладини организации. Тоа е варијанта на фер-плеј, како и рамен данок, затоа што никој не може да влезе во системот колку ќе заработи проститутка, па секоја има паушален данок за да пријави колку заработила за еден месец“, додаде таа.