Радио Милева
како да нема корона

Српската естрада закажа настапи за Нова година, а еве за колку ќе влезат побогати во 2021

Српската естрада закажа настапи за Нова година, а еве за колку ќе влезат побогати во 2021
фото: Шутерсток/дамирдервишагиќ

Пандемијата со коронавирусот ги стави на принуден одмор естрадните уметници кои речиси од март месец немаат настапи и не работат.

Меѓутоа, со наближување на Нова година и новогодишните празници, како што пишуваат српските медиуми, пејачите од српската естрада веќе закажале настапи за 31 декември.

Една од нив  е Наташа Беквалац која го најави новогодишниот настап во Белград.

Наводно нејзиниот хонорар изнесува 25 000 евра.

фото: Принтскрин/инстаграм

И Катарина Грујиќ ќе настапува во Белград, а за тоа ќе биде платена 20 000 евра. Со неа ќе настапува и Слоба Радановиќ чиј хонорар изнесува 30 000 евра.

„Искрено се надевам дека ќе има настапи. Слоба и јас закажаваме уште во јануари. Очекувам дека дотогаш ќе се смири и ќе ја испратиме ова година и со песна ќе влеземе во 2021“, изјави неодамна Каќа за српските медиуми.

фото: Принтскрин/премиера

Фолк пејачот Ѓани ќе настапува за 35 000 евра.

Тој истакна дека неговиот настап бил закажан кога немало корона.

фото: тамаа трајковиќ

Рада Манојловиќ се надева дека за Нова година ќе пее на еден сплав во Белград заедно со Пеѓа Меденица. Влезниците чинат од 100 до 200 евра, а за нивниот настап ќе бидат платени 50 000 евра.

фото: Принтскрин/премиера

Дејан Матиќ и Габриела Пејчев ќе пеат во еден ресторан, а влезниците чинат 80 евра. Ангелина ќе пее во еден клуб во центарот на градот, а влезниците чинат од 40 до 250 евра, колку се плаќа и сепарето. Слаѓа Алегро закажа и настап во еден хотел, а нејзиниот хонорар изнесува 25 000 евра.

Некои менаџери не била расположени да зборуваат на оваа тема, а Горан Леќиќ кој работи со повеќе српски ѕвезди вели дека се уште ништо не знае.

Останати вести од Радио Милева