Радио Милева
Кога зад правата се кријат перверзии...

Соло „геј парада“ в црква: Лице кое се претставува како британски инфлуенсер го сквернавеше и навреди христијанското население во Македонија (ФОТО)

Соло „геј парада“ в црква: Лице кое се претставува како британски инфлуенсер го сквернавеше и навреди христијанското население во Македонија (ФОТО)

Деновиве социјалните мрежи одново вријат, но не од политика, иако, политиката, оваа ваквата каква што е денешнава која владее,  оддамна вмеша прсти во она еден странец во Македонија го направил, се фотографирал и го споделува на својот Фејсбук профил, а сето тоа е  бизарно,  екстремно, навредливо, одвратно…

Имено, извесен таканаречен „инфлуенсер“,  кој се претставува како танчар и кореограф и британски ЛГБТ активист кој  на социјалните мрежи се потпишува како Џошуа Хабард неодамна ја посетил Македонија, ако е воопшто тоа тој?!

При посетата на Македонија тој направил серија, најблаго речено скандалозни и навредливи фотографии на кои се гледа како гол по гаќи, во женски латекс чизми со високи потпетици се фотографира во параклисот посветен на Св. Ѓорѓија, кој се наоѓа на патот Прилеп-Градско кај селото Беловодица.

Во скандалозната објава на Инстаграм тој го навредува, понижува, сквернави целото христијанско население во Македонија, религијата, црковното и културно наследство на една земја, еден народ, во името  на некакви права на ЛГБТ заедницата во Македонија. Шокантен, гнасен, неморален, антицивилизациски чин на еден „безумен антихрист“!

Експлицитни фотографии  типот има направено и на таканареченото Мермерно езеро во Прилеп. Гол по танга, во истите чизми со „садо-мазо“ геј аутфит клекнат или легнат на мермерот…

Реакциите за миг „ги зовреа“ социјалните мрежи кои буквално „експлодираа“ од коментари на незадоволство, револт, осуда, па дури и зборови кои не се за во јавност. Меѓу другите и некои од познатите личности го осудија „екстремниот безумен и навредлив егзибиционизам“ и сквернавењето.

Некогашната манекенка, мисица и модел Сава Грачанин беше една од оние јавни личности кои први реагираа:

И поп пејачот Роберт Вукелиќ не беше ништо помалку згрозен од гнасниот чин:

Но и многу други од познатите личности или „обични“ луѓе, корисници на социјалните мрежи не останаа рамнодушни, па не можејќи да се воздржат, жестоко го осудија сквернавењето, имаа што да прашаат и порачаат:

Остана прашањето дали  „ликот“ навистина е британски граѓанин или се работи само за лажно преставување? Ако е она првото, на ред се Владата и Министерството за надворешни работи на Македонија, а и Британската амбасада да кажат и сторат нешто? Ако е „наш“ под лажен профил – МВР е на потег! А и МПЦ белким би требала да се огласи?

Патем, ЛГБТ заедницата во Македонија која е најгласна за своите права, ниту збор да изусти кога се правата, честа, угледот, верата, чувствата…  на мнозинството нарушени? Молчат како… знаете веќе што, за случајот! Веројатно оти „ликот“ е од „нивните“. А молчи и Хелсиншкиот комитет за човекови права кој на „различните“ им е „гратис адвокат“ секогаш кога ќе им затреба и загусти!?

Единствено што експресно се реагираше е тоа што Фејсбук профилот на „ЛГБТ егзиибиционистот“ преку ноќ  утринава (четврток, 30.09.2021) го снема од оваа социјална мрежа, што не значи дека останатите прозвани не се на потег!

П.С. Прашање за премиерот Заев и министрите: „Дали им следуваат гратис лубриканти од наши пари и на странци во Македонија?“

Останати вести од Радио Милева