Радио Милева
Весело и шарено

Сите ги изненади со роденденската декорација: Бојана Родиќ направи голема забава и прослави јубилеј во хавајски стил (Фото)

Сите ги изненади со роденденската декорација: Бојана Родиќ направи голема забава и прослави јубилеј во хавајски стил (Фото)

Бојана Родиќ, невенчаната сопруга на Мирко Шијан, го прослави  својот 30-ти роденден, а по тој повод направи несекојдневна забава. Таа одлучила сѐ да биде во хавајски стил, а слики од амбиентот сподели на својата Инстаграм приказна.

Бојана за оваа пригода направила афро кадрици, додека Мирко носи кошула со цвеќиња, со капа, а во устата има томпус.

Родиќ за својот јубилеен роденден решила сѐ да биде беспрекорно, па ги воодушевила сите со својата декорација, а среде ресторанот имало и  огромен број  30-ка.

Мирко и Бојана се заедно речиси две години, а имаат и  син  Зоран крстен по покојниот татко на Шијан.

Инаку, мајката на Мирко, пејачката Гоца Божиновска, често истакнува дека одлично се сложуваат со снаата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/bojana__rodic

Останати вести од Радио Милева