Радио Милева

Шако Полумента ограбен на настап: Пејачот ги откри деталите за кражбата…

Шако Полумента ограбен на настап: Пејачот ги откри деталите за кражбата…

На Шако Полумента на настап во Лесковац му бил украден мобилиниот телефон, а пејачот ги откри деталите за кражбата.

„Точно е, украден ми е мобилниот телефон и цел ден не можам да се смирам. Не можам да верувам дека ми се случи такво нешто во град каде што настапував пред 3 000 луѓе. Вечерта започна во одлична атмосфера и телефонот го оставив кај ДЈ-от. Кога го завршив блокот доста луѓе пристигнаа да се сликат, а кога се свртев да го земам мојот телефон, го немаше, вели пејачот.

Тој истакна дека го земал микрофонот и се обратил  на публиката и културно замолил да му го врати мобилиниот, но ништо.

фото; телеграф

По некое време тој повторно го земал микрофонот и нервозен почнал вулгарно да се изразува, но крадецот не го вратил мобилиниот.

„Газдата на дискотеката е сериозен човек.Се е покриено со камери и самиот сум изненанден од ситуацијата. На камерите се се гледа, ќе се дознае името и презимето на личноста која си дозволи да се игра со мојата приватност. Не се плашам од ништо и ќе ја истерам правдата до крај само затоа што не заслужив некој така да се однесува со мене кога дојдов на луѓето да им приредам убава вечер, вели Шако.

Останати вести од Радио Милева