Радио Милева
од канцеларија на сцена...

Сенидах откри што се’ работела пред да стане пејачка (ФОТО)

Сенидах откри што се’ работела пред да стане пејачка (ФОТО)

Пејачката Сенидах полека но сигурно ја освојува музичката сцена  последните неколку години. Се издвои по нејзиниот специфичен вокал, но и стајлингот кој го преферира. Пејачката се сети на својот прв настап, но со голема непријатност.

Еден од најлошите настапи досега! (смеа). Тоа беше на еден фестивал во Словенија, акустична изведба. Во тоа време, сè уште го немав мојот бенд, па настапив со двајца гитаристи. На почетокот, сè беше во ред, сè додека не дојде една постара девојка во првиот ред од публиката, која започна да вика, да вреска и хистерично да урла и скока, претпоставувам дека сакаше да привлече внимание.

Но,Сенидах иако отсекогаш сакала да пее, се занимавала и со други работи, па откри што се’ работела пред да стане пејачка.

„Уште од детството ја чувствував музика на посебен начин и сонував за неа, моето внатрешно чувство ми велеше дека тоа е тоа. Како помлада работев и административна работа во една канцеларија, па дури и во банка. Но, не се гледав себеси в такавата работа. Му благодарам на Бога што вистинското чувство ме доведе до музиката и она што сум и што го работам денес“ – гордо раскажа Сенидах.

Фото: Инстаграм принтскрин/senida_h

Останати вести од Радио Милева