Радио Милева
за непознатото

Сања ги реши дилемите на гледачите за тоа што се случува зад камерите на „Брза кујна“: Еве кој го јаде зготвеното на крај, а нејзе не секогаш и е до смеење (фото)

Сања ги реши дилемите на гледачите за тоа што се случува зад камерите на „Брза кујна“: Еве кој го јаде зготвеното на крај, а нејзе не секогаш и е до смеење (фото)

ТВ водителката на „Брза кујна“ Сања Савеска се почесто почна да биде расположена и отворена за комуникација со фановите и следбениците на социјалната мрежа Инстаграм.

Меѓу големиот број обожаватели се оние од кулинарското шоу кои пак секогаш имаат прашање повеќе за Сања, такви поврзани со емисијата, но и оние за нејзината приватност.

Овој пат од повеќето се издвоија оние за „Брза кујна“, па меѓудругото Сања им ја реши дилемата за тоа кој ги јаде специјалитетите на шеф Никола и Бобан кога камерите ќе се исклучат.

Одговорот беше дека таа привилегија ја имаат учесниците, екипата на снимањето, па и секој ќе се најде таму,а е гладен или сака да проба.

Следеше прашање и за тоа дали секој ден се прават снимањата, на што Сања појасни дека тоа не е нивниот ритам, туку понекогаш практикуваат да снимаат и по три емисии наеднаш.

Во „Брза кујна“ секогаш зрачи позитивната енергија која разбирливо мора да ја има. Сепак, како живи луѓе на сите не секогаш ни е денот, па така и на Сања која вели дека енергија мора да најде за да се смее и кога не и е до смеење.

Откри и детали од приватноста меѓу кои беше и тоа дека сака да се вози на мотрор, а најдиолгата дестинација на која била на две тркала е илјада километри.

За крај следеа и пофалбите и пораките да продолжи да блеска, а таа во прилог им прати токму една таква блескава фотографија.

Комплетно светкава, но со најубавиот аксесоар на себе – насмевката!

фото:Instagram printscreen/ sanja_saveska

Останати вести од Радио Милева