Радио Милева
без комплекси

Сања Барби гордо се носи со вишокот килограми: И во бикини не мора да биде стегната и „испеглана“, туку сочна и егзотична (фото)

Сања Барби гордо се носи со вишокот килограми: И во бикини не мора да биде стегната и „испеглана“, туку сочна и егзотична (фото)

Живееме во време кога е наметнато непишаното правило дека жената мора да изгледа совршено, а пак естрадните уметнички треба и пожелно е да имаат тело ремек дело со тенки и тити нозе, рамен стомак, затегнат и напрчен задник, бујни гради, вештачки полни усни.

Тажната слика е што повеќето го следат ова правило и карта „за влез“ на естрадното небо, а со тоа се оптеретени со самите себе и потребата да се биде во кругот конформисти кои по секоја цена сакаат да изгледаат исто.

Нема проблем по секоја цена да се легне под нож, да се направи липосукција, да се намали желудник, да се вбризга ботокс, филери и што ли уште не.

Фолк пејачкта Сања Цинцева не стои во редот на гореспоменатите, па иако нејзината работа е на сцена, таа нема никаков проблем со својот визуелен печат, напротив без комплекси и со гордост го покажува своето тело со облини кое совршено и прилега и знае како да се носи дури и со вишокот.

Пример за тоа е една нејинна фотографија во бикини каде посира покрај базен, а од приложеното очигледно е дека немала намера да прави никаква камуфлажа и било каква корекција.

Природна, сочна, егзотична, Сања Барби е меѓу ретките на естрадата, особено фолкерките, кои го претпочитаат природното, а кога човек дише со полни гради самодоверба, така и зрачи, па дури и она „несовршеното“ изгледа совршено!

Инаку, Сања Цинцева пред неколку дена на  Избор за фолк хит на годината доби награда за специјален настап на сцената. Претстојната зима, Барби заминува на турнеја во Австралија заедно со Благоја Грујовски и оркестар Маестрал.

фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук

Останати вести од Радио Милева