Радио Милева
Универзумот и прати знак

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (ФОТО)

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (ФОТО)
фото:јелена јованова/инстаграм

Познатата македонска актерка со хрватска адреса на живеење Јелена Јованова, или  кај повеќето попозната како рецепционерката Јелена од Драчево и недостасува на македонската ТВ публика која ја памети од хумористичната ТВ серија „Преспав“.

По завршувањето на  последното продолжение на популарниот ситком, Јелена се обрати на својот Инстаграм.

„Сите приказни доаѓаат до крајот. Ви благодарам на сите што бевте тука за нас, што не поддржавте, споделувавте вашето мислење, што не сакавте! Благодарам што бевте најдобрата публика. Благодарност до сите вас кои веќе шест години не следите. До следниот пат!“ – пишува Јелена. Се разбира, доколку има следен пат?

Но, за Јелена ретко има пауза од работа, бидејќи таа  успешно ја гради својата кариера и пошироко во регионот. Најдобар пример за тоа е последното филмско остварување во словенечка копродукција, романтичната комедија „Нешто слатко“ во која Јелена игра заедно со колегата Сашко Коцев.

За потсетување, таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земајата на крвта и медот“, кој го режираше Анџелина Џоли. Во таа прилика и за оваа значајна улога, Јованова се спријатели со Џоли, а своевремено изјави дека се уште е во контакт со неа.

фото:јелена јованова/инстаграм

Со Анџелина се гледаа непосредно, а со Бред Пит се најдоа рамо до рамо. И тоа на иста трафика.

Имено, актерката на својот Инстаграм објави фотографија на која е заедно со холивудскиот актер, до душа таа на сканди, тој на судоку.

„Само ние двајцата“ – напиша Јелена во описот на објавата.


Како што тргнала, ако веќе успеа да работи заедно со Анџелина Џоли, зошто да не и со Бред Пит, па од сканди и судоку на трафика да преминат и на филмски сет во практика!

Останати вести од Радио Милева