Радио Милева
некоја друга жен(ск)а...

Сама себеси си здосади или некој друг ја убеди да направи промени: Резултатот – секако си секси…! (ФОТО)

Сама себеси си здосади или некој друг ја убеди да направи промени: Резултатот – секако си секси…! (ФОТО)

Убавината не е пресудна,ама кај жените е и тоа како важна… И тоа како игра голема улога за самодовербата и сите останати карактеристики на личноста, која една дама треба да ги поседува. Затоа жените, па дури и оние најубавите, најатрактивните, најсексапилните, моделите и мисиците се склони и подложни бна промени. И сето тоа во потрага по совршеноста која ако е познато дека е невозможно  да се постигне, тогаш барем е возможно да и се приближите со својот изглед. Онаков, каов што посакувате, како што себеси се замислувате, самите на себе допаѓате како би требало да изгледате.

Арно ама жените се чудни суштества, па таман мислиш тоа е тоа, когатаа колку и да е убава и привлечна, пристапила кон промена. Ако не друго, за да биде поразлична, поинаква, помистична, позагадочна… Или само онака  од чист хир.

Тоа е случајот речиси сдо секоја жена, па и со оние од јавниот живот, познатите, популарните, дамите од шоубизнисот и естрадата… Меѓу сите нив и македонската мисица, модел, однеодамна и танчарка и пејачка, која во еден момент одненадеж посака да изгледа поинаку.

Иако и каква што беше до сега, на Кристина Димитриевска ништо не и фалеше, атрактивната тетовка реши нешто на себе да смени. Во својот изглед секако, а како и што поинаку, ако не почнеш од косата и фризурата.

Дали  Сама себеси си здосади или некој друг ја убеди да направи промени, колку до вчера русокосата убавица не обзнани, ама затоа ги обзнани промените со неколку нови фотографии.

На првата Кристина како некоја друга жен(ск)а… Без шминка, со скратена коса до над раменици, исчешлана на страна, бојадисана од руса во црна!

Реприза на истата поза само овој пат со шминка ја комплетираше сликата за новиот имиџ и убавината на македонската мисица, модел и пејачка.

Откако самата  си се допадна во ноновата верзија од себе, па си додели автокомплимент ставајќи си емитикон со „запалена бомба“ односно бомба на која некој тукушто и го „потпалил фитилот“, Кристина реши да сподели и кусо видео со акција од нејзината трансформација… Од русокоса со подолга коса, во црнка, подшишана и „испеглана“… Во фризурата, се разбира!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

На видеото му следеа прегрст лајкови, комплименти, пофалби, коментари… Во вид на жешки емотикони и убави зборови…

Единствено остана  дилемата:  Сама себеси си здосади или некој друг Кристина Димитри ја убеди да направи вакви промени? Како и да е, резултатот и така и вака е ист, или како што вели еден од коментарите: „Секако си секси“!

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

 

Останати вести од Радио Милева