Радио Милева
Мераци

Рај за очи и душа: Елена Стефановска има балкон кој е задоволство за сите сетила (фото)

Рај за очи и душа: Елена Стефановска има балкон кој е задоволство за сите сетила (фото)

ТВ водителката Елена Стефановска официјано стана мажена жена кон крајот на летово, а со тоа моминското презиме го замени со она на сопругот – Најдоски.

Независно од промените кои и се случија на приватен план, Елена остана онаа истата дама која го негува својот стил и останува доследна за аспирација на нештата кои и причинуваат задоволство и и ги полнат батериите.

Една од тие нешта е работата. Деновиве таа се присети на своите почетоци од радио водителството кога водеше емисија на радио Бубамара, а причината за евоцирање на тие спомени беше тоа гостувањето во радио емисијата на МРТ кај колешката Татјана Пуленџовка која и поласка дека секому посакува колешка како Елена.

Освен модните комбинации кои како сугестија им ги предложува на своите следбенички на Инстаграм, Елена се повали и со пространата тараса од својот дом чиј екстериер е вистински мерак за сите сетила.

Лулките кои се меѓу последниот тренд за ваквото надворешно уредување и прават посебен ќеф на Елена.

-За мене вистинско уживање е дружењето дома, на тераса, пишува во описот на една од објавите на нејзиниот Инстаграм. Внимателно избраан мебел, саксии за цвеќе и се’ останато кое е рај за очи и душа.

Елена довволи да ѕирнеме во оваа нејзина приватна оаза каде ужива секојдневно заедно со сопругот, а кога љубовта е зачитена и со вака добар амбиент и храна, тогаш желбите за вакво уживање постојано се тука.

Инаку, емисијата по која Елена стана препознатлива, „Живот со стил“, се уште не ја отпочнала новата сезона, а веројатно и тоа ќе се случи наскор.

фото:Инстаграм/Елена Стефановска

Останати вести од Радио Милева