Радио Милева
задоволна

Рада Манојловиќ се грижеше за својата згодна фигура, а сега одлучи да се здебели –  еве колку е тешка, а колку висока (фото)

Рада Манојловиќ се грижеше за својата згодна фигура, а сега одлучи да се здебели –  еве колку е тешка, а колку висока (фото)

Пејачката Рада Манојловиќ се грижеше за својата фигура и се трудеше да не се здебели. Таа секогаш носи семки од сончоглед на своите настапи за да ја „излаже гладта“.

Сепак, таа со месеци работи напорно и тоа се одрази на нејзината тежина, а нејзината најнова објава е добар показател дека одлучила да качи некој килограм.

– Се здебелив 60 килограми, сега сум задоволна, се исплатеше – напиша таа на Твитер, а како и обично следеше лавина од коментари.

-За твоите 190 ти си речиси…слаба – следуваа критиките на кои пејачката не се потресе туку одговори:

-Да беше 190цм ќе беше добро, само 173цм, но не се жалам, не е лошо – ја откри својата висина пејачката.

Да потсетиме дека Рада неодамна проговори за килограмите.

– Единствено што е зголемено се задникот и градите. Имам среќа што кога ќе накачам неколку килограми, над мојата идеална тежина, ми оди токму онаму каде што треба. Сум слушнала приказни дека ставам силикони во градите и задникот, но тоа е глупост. Само се смеам и продолжувам да јадам“, вели пејачката.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Х

Останати вести од Радио Милева