Радио Милева
роден под среќна ѕвезда или...?

Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе – Рола ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон: „К.. му е – двор му е“, јас да ви кажам! (ФОТО)

Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе – Рола ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон: „К.. му е – двор му е“, јас да ви кажам! (ФОТО)

На неодамношното тениско финале на Вимблдон, актерската ѕвезда Бред Пит беше уловен како седи во централната ложа за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз како играат во возбудлив меч од пет сета. Фотообјективите и камерите ги споделија кадрите од поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, а во фокусот на коментарите и написите беше ставен неговиот младешки изглед. Актерот кој има речиси 60 години изгледа како да е дупло помлад. Неговиот „ forever young look“ ги зачуди сите. Мажите љубоморно вретеа со глава дека има тука нешто, дека нешто направил со себе со помош на естетската хирургија, а жените фасцинирани и опчинети, вљубено не го симнуваа погледот од „вечното момче“. Тоа беше така насекаде низ светот, па и кај нас.

И додека социјалните мрежи и порталите не го симнуваа од насловниците, се најде човекот кој јавно ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон. Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе Јовановски, попознат по прекарот Спасе – „Рола до бола“  го демистифицираше „до коска“  изгледот на „младичот“ од Холивуд, објаснувајќи дека нема зошто да му се чуди цел свет дека изгледа како „вчера да излегол од пубертет“, а не како да утре да ќе чека да шета внучиња!

 

Впрочем Спасе – Рола има своја теорија која донекаде  и „држи вода“ иако никој со сигурност не може да тврди дека „фраерот од филмското платно“  не паравел „фејс лифтинг“, ако не повеќе, барем еднократно?!

Ама затоа пак, нашиот временски презентер е убеден дека глумецот е „природен фраер“ или што би кажале „шизик натурале“  дури и на шест банки, па еве ја неговата теорија за тајната на еликсирот на вечната младост на Бред Пит.

„Па наслови, па чудења па теории на заговор…”КАКО БРЕД ПИТ ИЗГЛЕДАЛ ОДЛИЧНО НА 60 години?
А како да изгледа? Што мука има видено Бред Пит у животот свој, освен што го остаи Анџелина Џоли?
–  Да не мислел на неплатени сметки!?
–  Дали ќе стигне плата од први до први!?
–  Да не отплаќа кредит!?
–  Да не е у дугови!?
–  Да не нема пари за да им приушти на децата што сакаат!
Не… К.р му е – двор му е,  ја да ви кажам!
Увек опкружен со убави жени, убава храна, вино, море, шетање, тинтрање…
Едноставно, роден под среќна ѕвезда!
Не моеш да го споредиш Бред Пит и Јовче од некое село, зашо не се „држи“!  За што да се држи, за паризер и кришка вчерашен леб?
Ајде ќе ве молам… Што? Благодарам!“ – споделил Спасе на својот Фејсбук…

Чисто онака, на останатите да не им е мака… Барем за утеха на оние што наместо како Бред Пит, изгледаат како… кит!

Фото: Твитер/Brad Pitt Online/Фејсбук/Rolla Do Bolla

Останати вести од Радио Милева