Радио Милева

Поднесено е обвинение против гастарбајтерот кој ја прогнуваше Јелена Розга и сакаше секс со неа

Поднесено е обвинение против гастарбајтерот кој ја прогнуваше Јелена Розга и сакаше секс со неа
фото: aта имагес

Општинското државно обвинителство во Сплит поднесе обвинение против Драган Ц. (53) и побара од судот да ја прифати нивниот кривичен налог, поради демнењето на Јелена Розга (43), која го пријавила непознатиот маж.

Тој е хрватски државјанин кој живее во Германија, а поради неговото нападно однесување кон Јелена, од Драган Ц. се бара да биде осуден на 6 месеци затвор, условно две години, пишува Слободна Далмација.

Како што стои во обвинението,  10 години постариот маж се обвинува за испраќање насоодветни пораки преку емеил и „Инстаграм“ во период од 13 август 2019 до почетокот на септември 2020.

Во тие пораки наводно тој инсистирал да се дружат, а праќал и пораки преку кои инсистирал да имаат љубовна врска.

Исто така отворено зборувал дека сака да имаат интимни односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

Пејачката откако добила вакви пораки ја одбила комуникацијата со него, но тој продолжил и праќал фотографии додека вози автомобил и ја праќал пејачката да оди во дуќани каде што купувал подароци за неа.

Во август оваа година се појави пред домот на пејачката со надеж дека ќе и отвори, а потоа се фотографирал и пред влезот на нејзината зграда.

Тој продолжил да и праќа пораки со кои наглсувал дека сака да имаат интимен контакт.

Кога на крајот на август 2020 година виде дека таа објави фотографија од Перистил каде што таа беше со нејзините пријатели, тој преку пораки објави дека ќе дојде.  Преплашената пејачка одби да комуницира со него и го замоли да ја остави сама и да не ја вознемирува повеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial) on

Се ова пејачката пријавила во полиција.

Непознатиот маж на испрашување кажал дека се тоа е точно и дека првпат на пејачката и се обратил во 2020 преку Фејсбук.

Тој истакнал дека имал погршен впечаток и дека ќе престане да се однесува така.

Доколку општинскиот суд го прифати кривичниот налог на обвинителството, а обвинетиот не се жали, тогаш ќе му биде изречена условна казна. Ако, пак, обвинетиот преговара, тогаш ќе оди на судење и обвинителството ќе бара судот да го казни осум месеци затвор, три години условна казна.

Останати вести од Радио Милева