Радио Милева
тажна вест

Почина познатиот ријалити учесник: Радашин од „Големиот брат“ и „Фарма“ ненадејно се упокои (ФОТО)

Почина познатиот ријалити учесник: Радашин од „Големиот брат“ и „Фарма“ ненадејно се упокои (ФОТО)

Учесникот на реалните програми „Големиот брат“ и „Фарма“ Радиша Миљковиќ (63), попознат како Радашин по ликот од серијата „Село гори, баба се чешла“, починал сношти (недела,  05.11.2023) во родното село Љуптен, меѓу Алексинац и Ниш. Кумот на Радашин ја потврди тажната вест:

„Почина сношти. Вчера бев во селото и беше критично“ – изјавил кумот на ријалити ѕвездата.

„Му пукна капилар во ногата и доби сепса. Почина на неполна 63-годишна возраст. Тој сè уште беше во брак со својата жена која тешко ја поднесе загубата на сопругот. Беше болен неколку години, сега сè подготвуваме за погребот“ – изјавила неговата снаа Виолета.

Инаку, Радиша Миљковиќ беше учесник во неколку реални шоуа, а многумина коментираа дека е двојник на актерот Радош Бајиќ. По реалното шоу настапуваше во клубовите во кои играше во шестата деценија.

Последните денови од животот ги помина во родното село во родната куќа со сопругата Златка, синот, снаата и четирите внуци. Последниве години се занимавал со земјоделство.

 

Останати вести од Радио Милева