Вдовицата на Видој Ристовиќ, Николина Пишек (47) полека се враќа во вообичаениот живот. По долги години таа повторно ќе биде пред камерите, а на ТВ Уна ќе води емисија која ќе обработува интригантни животни теми.
Додека не почне со работа, Пишек цело лето наоѓала утеха во убави, релаксирачки моменти со ќерката Уна Софија и уживајќи на брегот на морето, а неодамна на Инстаграм сподели серија фотографии од одмор, покажувајќи дека се труди да ги апсорбира последните денови од лето.
На некои фотографии може да се види како изгледа нејзината ќерка Уна која ја имаше во брак со Видој Ристовиќ, а на други како изгледа водителката во бикини која наскоро ќе се врати на малите екрани.
Николина позирала на лежалка додека нејзината ќерка ја снимила, а потоа убавата Хрватка скокна и во далеку попровокативен костим – избра ултрамодерно бикини со минијатурни гаќички и топ кој ги истакнува нејзините гради.
Ваквото бикини летово им беше омилено на познатите убавици, во него ги видовме и Бела Хадид, сестрите Кардашијан, Оливија Кулпо, Хејли Бибер…