Радио Милева
радост и лутина...

Перо-„Камиказа“ беше и остана „без влакна на јазикот“: „Честито сра*е промоција, а одлична енциклопедија“!

Перо-„Камиказа“ беше и остана „без влакна на јазикот“:  „Честито сра*е промоција, а одлична енциклопедија“!

На промоцијата на првата „Македонска рок енциклопедија“ од авторот Тошо Филиповски, која се одржа на 8.мај 2018 (вторник) пред платото на МКЦ во Скопје, присуствуваа импресивен број на луѓе. Воглавном рокери, голем дел од нив исамите протагонисти вткаени во страниците на ова капитално (суб)културно дело, музички новинари, пријатели и познавачи на македонската рок музика, обични фанови…

И се ќе беше како што треба, како што доликува на едно вакво епохално дело, доколку промоцијата беше малку подобро организирана, а гостите да имаа третман на ниво на квалитетот и значењето на изданието. Зашто отсекогаш важело она: „Крајот делото го краси“ – секаде, ама никако и кај нас! Не барем во овој случај. Оставени некако сами на себе, присутните, без кои Македонија не ќе имаше ниту свој рок ен рол, ниту своја рок историја, па ни оваа Рок енциклопедија, ниту видоа, ниту слушнаа што се случува… Не барем повеќето од нив! Патем, во полутемницата пред платото на МКЦ така „изгубени и дезорганизирани“ едвај и се видоа со пријателите и колегите со кои со години не се виделе.

Без оглед на сето, иако меѓу себе ја коментираа лошата организација, никој јавно не проговори, за ете, да не го намали или „извалка“ значењето на капиталното дело. Никој, ама не и тој: Петар Георгиевски-Камиказа, лидерот и основач на повеќе македонски рок бендови, меѓу кои секако најзначајниот и најпознатиот е „Меморија“!

Очигледно видно разочаран, лут и револтиран од лошата организација и несоодветниот третман и однос и лично кон него, како и кон останатите кои беа на промоцијата, Перо -„Камиказа“, онака како што го дал Господ „без влакна на јазикот“, распали на социјалните мрежи по авторот и организаторите на промоцијата. Со право или не, нема да коментираме. Оние кои беа таму знаат како беше. Еве што напиша „Камиказа“ на својот Фејсбук профил:

„Прво браво за вложениот труд и извонредната едиција на ова капитално четиво….Како еден од еднаквите и повекепати со многу бендови споменуван имам право да ве научам нешто…Ако воопшто допре до вас!!!Мислам на МКЦ и Филиповски Тошо (Авторот на изданието)…Ве посетија на стотици креатори на македонската субкултура и можеби ретко некогаш,нешто, успеало да обедини на едно место толку генерации музиканти кои  дадоа траен белег врз едно возбудливо рок време.Времепловот ќе беше фасцинантен само доколку имаше и пристојна промоција ….Не викам екслузивна ..Викам пристојнаааа!!!!А не како Роми у тунел да се бараме и да викаме:абе ти ли си? Извини не те видов у темницава??.Извини ништо не чув што рече оној што збори нештоВалјда збори за енциклопедијава…..Абе не се гледа ништо на бимов …..Оној Љани беше… ? И на крај се испоздравив со сите што успеав да ги видам у темницана …..Го запалив моторот и разочаран уште еднаш од нашата човечка глупост си заминав…Не сакав да бидам сведок на третманот на лугето кој целиот свој живот го потрошија на правење некаква музичка рамнотежа во бивишата ЈУ…Сега доведени ко телевизор без слика и тон да не можат да се видат,чујат и издрадуваат…Но тоа е тоа…Кога ќе научис Тоше и вие од МКЦ да ги почитувате луѓето без кој ќе бевте никој и ништо,е тогаш мене повторно ќе ме има на вашите селски промоции… Дотогаш со здравје,на здравје и пријатно…ЕНЦИКЛОПЕДИЈАТА ИНАЧЕ МОЈАТА КОМПАНИЈА ЈА ПОДРЖА СО КУПУВАНЈЕ НА ПОВЕЌЕ ПАРЧИЊА ВО ПРЕДПРОДАЖБА…АЈ СО ЗДРАВЈЕ И ЧЕСТИТО СРА*Е ПРОМОЦИЈА!!!!!!А ОДЛИЧНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА!!!!!!!!!!!!“

Останати вести од Радио Милева