Радио Милева

Перо Антиќ му остави коментар на Душко Тошиќ откако тој покажа како го минува времето во карантин (фото)

Перо Антиќ му остави коментар на Душко Тошиќ откако тој покажа како го минува времето во карантин (фото)
фото:перо антиќ/душко тошиќ/инстаграм/принтскрин

Додека пејачката Јелена Карлеуша ужива на одмор во луксузен ресорт во Турција заедно со ќерките, нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ по вторпат е во карантин откако започна пандемијата со коронавирус.

Само овој пат, наместо во Србија тој е во Гванжу – Кина каде се врати поради професионалниот ангажман.

Таму важат строгите мерки за заштита од вирусот, па тој по слетувањето мораше да се изолира.

 

View this post on Instagram

 

Back to China ??⚽️

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Како што објави на Инстаграм, Душко поминал сам 13 дена, а за тоа време пуштил брада, а со неа нашол и начин за забава.

Имено, тој објави галерија фотографии на кои е избричен во разни форми на брадата, а на едната фотографија има и мустаќи.

 

View this post on Instagram

 

Day 13 of quarantine..??

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic) on

Ваквата објава предизвика многу коментари, а меѓу нив беше и оној на нашиот Перо Антиќ кој низ смајли емотикони му порача да ги остави мустаќите.

Овој коментар на Перо им се допадна на повеќемина, а Душко сепак остана резервиран (барем преку Инсатграм), иако нели имаше и вишок слободно време.

Останати вести од Радио Милева