Радио Милева
куме, пушти топла вода...

Ова свадбено видео стана вирален хит: Ваков свадбен подарок од кумот, денес ретко се гледа (ВИДЕО)

Ова свадбено видео стана вирален хит: Ваков свадбен подарок од кумот, денес ретко се гледа (ВИДЕО)

Ова видео од една македонска свадба стана вирален хит. Како и не би кога ваква глетка ретко се гледа. Не дека покај кешот во плик со кој денес  најчесто ги даруваат, младите не добиваат и материјални подароци, ама ваков призор оддамна не сме виделе. Порано се носеа и телевизори, шпорети, машини за перење… ама на оваа свадба кумот се надминал себе си.

Штом музиката оро засвири, кумот со танцувачки чекори влета во салата со подарокот на рамо… А подарокот огромен… 80 – литарски… Бојлер од домашно производство. Па кумот сосе подарокот заигра заедно со младоженецот и невестата, а веднаш му се придружија и дел од останатите гости. Бојлерот до душа го спуштија на земја, па заиграа чочек околу него, а младоженецот дури се обиде д го искористи и како ударен инструмент покажувајќи ги своите перкусионистички вештини.

Погледнете го видеото насмејте се… Младите белким досега бојлерот го инсталирале, а можеби и севте му направиле со заедничко туширање?

Останати вести од Радио Милева