Радио Милева
љубовџика...

Ова е новото момче Џина: Ќерката на Харис Џиновиќ на љубовна романтика на Копаоник (ФОТО)

Ова е новото момче Џина: Ќерката на Харис Џиновиќ на љубовна романтика на Копаоник (ФОТО)

Џина Џиновиќ, ќерката на Харис Џиновиќ, има ново момче со кое отиде на скијање на Копаоник, а сега и го покажа на јавноста.

Станува збор за младо момче, непознато за јавноста, со кое Џина се фотографирала на Копаоник каде отишле на скијање

Убавата ќерка на Харис објави неколку фотографии, а во описот накратко напиша: „Негова“.

Џина не ја крие среќата за времето кое го поминува со својот нов избраник, па објави неколку фотографии, но строго се погрижи да не се види лицето на нејзиниот избраник.

Да потсетиме, Џина беше во центарот на вниманието прво кога ги објави своите разголени фотографии, а потоа и кога се дозна дека е во врска со Михајло Веруовиќ – Војаж. Сепак, Џина набрзо ја прекина врската со младиот рапер, а сега очигледно набрзина си најде нова љубов.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/djinadzinovic

Останати вести од Радио Милева