Радио Милева
само таа ова го може

Откако не е повеќе во „Бекстејџ“, Ева Јовановска сфати дека е време да и се врати на старата љубов: Многу наши водителки имаат убави и долги нозе, ама само таа умее со нив да направи вакви пози (ВИДЕО)

Откако не е повеќе во „Бекстејџ“, Ева Јовановска сфати дека е време да и се врати на старата љубов: Многу наши водителки имаат убави и долги нозе, ама само таа умее со нив да направи вакви пози (ВИДЕО)

Младата и атрактивна Ева  Јовановска (20) повеќе не е ТВ водителка… Не барем на најгледаниот естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со кого неодамна ја прекинаа соработката.

Сексапилната тетовка сега е посветена на ПР – работата за една продуцентска куќа и еден портал – магазин, што не значи дека наскоро одново нема да ја гледаме на домашните ТВ екрани, на што наголемо работи и се подготвува. Ама за тоа – потоа, кога ќе дојде денот.

По „раскинувањето“ со „магазинот од зад сцената“, утехата по промената ја побара во она што претходно до крај  ја исполнувало… И во душта и телото!

Евче бргу сфати дека е време да и се врати на старата љубов!

Еднаш балерина – секогаш балерина, зашто движењата, потезите, позициите и позите… никогаш не се забораваат. Можеби само формата и кондицијата треба да се вратат за задоволителното ниво и потоа она што Евче умее да го покаже, ниту една друга водителка не го може.

Зашто многу од нив имаат убави и долги нозе, ама само таа умее со нив да направи вакви пози!

Патем, кога Евче тренира возбудата е на работ да експлодира… Зашто секоја нејзина нова балетска поза буди и малку поинакви мисли од оние само уметничките, а буди и помалку или повеќе нервоза и кај претставничките на понежниот пол од конкуренцијата, оти тие тешко можат вака да ја совладаат лекцијата. Зашто, за вакви балетски позиции не се потребни само физички предиспозиции!

Стој на раце со високо кренати нозе нагоре во вертикала, висок скок со свиткани нозе во колената или шпага… зависи која поза ви е подрага!

И сето тоа за здраво тело, полна душа, уметнички впечаток и… „влажни машки погледи“ за  „бурни сништа“!

Зашто многу наши водителки имаат убави и долги нозе, ама само Евче со нив ова го умее и може!

Фото: Инстаграм/_evce_

Останати вести од Радио Милева