Радио Милева
роденденски настап

„Остани прекрасна како што си“: Андријана Јаневска го славеше 42 – риот роденден во филхармонија (фото)

„Остани прекрасна како што си“: Андријана Јаневска го славеше 42 – риот роденден во филхармонија (фото)

За македонската пејачка,  виолинистка и педагог, која неодамна стана и доктор на науки Андријана Јаневска, вчерашниот ден беше посебен, бидејќи  го славеше својот роденден и наполни 42 години.

Многумина велат дека на нејзините години времето ништо не им може, а таа често  добива комплименти  дека е една од најзгодните познати дами.

Сепак, дека Адријана е убавица не треба да се објанува бидејќи тоа е невозможно да не се забележи.

Таа еднаш истакна дека е горда што не подлегнала на било какви интервенци за разубавување, но дека нема ништо против оние што се одлучиле на тоа. Сепак за да го одржува своето витко тело од кое е задоволна, таа безрезервно се вложува.

Пејачката сега на Инстаграм објави фотографија од неа по повод роденденот со убава вест тагнувајќи се во филхармонија каде напиша:

„Роденденски настап“  – надополнувајќи ја објавата со емотикон, сино срце, исто како бојата на нејзината свечена тоалета.

„Среќен роденден принцезо Македонска“, „Остани прекрасна како што си!“ „Изгледаш апсолутно неверојатно во тој прекрасен фустан“  – се редеа  честитките  под нејзината објава каде собра многубројни допаѓања од нејзините следбеници.

Не изостанаа и честитките од местата каде што настапува и ги сподели на нејзините кратки прикази.

Сепак за Андријана и покрај  богатата музичка кариера и настапите за неа најголем успех се нејзините синови Димитар и Кристијан, кои и ја комплетираат смислата на животот за се што постигнува на секое поле.

Фото: Printskrin/Instgaram/andrijana_janevska

 

 

 

Останати вести од Радио Милева