Хана Хуљиќ се породи во неделата во 18:00 часот со царски рез, а бидејќи девојчето се родило неколку дена пред терминот, нејзиниот татко Петар Грашо се нашол надвор од Сплит.
Како што пишува Јутарњи лист, штом слушнал дека Хана се породила, влегол во својот автомобил и од Загреб се упатил кон Сплит за да биде со сопругата.
Хана вчера го напушти породилиштето, а иако многумина очекуваа Петар да дојде да ја земе неа и бебето, тоа не се случи. Хрватските медиуми пишуваат дека пејачот во четвртокот вечерта имал настап во Дубровник, а истиот ден морал да замине порано.
Во меѓувреме во јавноста се појави и првата фотографија од Алба Грашо која ја објави кумот и близок пријател Дино Раѓа.
„Колку среќа, емоции, љубов и солзи донесе оваа мала рака во нашите животи“.
фото:Instagram printskrin