Радио Милева
тука „лежи зајакот“

Од последните објави на Мелита нејзините соседи ќе дознаат и зошто повремено имаат застој на лифтот- одговорот го има таа (фото)

Од последните објави на Мелита нејзините соседи ќе дознаат и зошто повремено имаат застој на лифтот- одговорот го има таа (фото)

За екс- водителката и трендсетерка Мелита Ракичевиќ, социјалните мрежи се дел од стилот на живеење.

За неа не поминува ден без нова фотографија и тоа не било каква, туку добро смислена со комплетен стајлинг и поза за пред објектив. За Мели ова очигледно претставува статисфакција, па кога ќе реши да го полни својот профил, тој треба да ја краси во визуелна смисла од она што таа го замислила и и се допаѓа.

А задоволството не смее да трпи, па она што ќе се замисли мора да биде и реализирано, одобено ако и фотографот е добар, а уште подобро професионалец во својата работа и билзок пријател.

Па така, според замислата на Мелита или на фотографот задолжен во даденот момент, изборот на локација беше лифтот.

Работата за исходот од крајниот ефект не смееше да трпи, па решија за момент да го зафатат лифтот и со отворена врата да направат неколку кадри тука.

Мелита стокмена во секси издание како и секогаш го даде најдоброто од себе, а дека беше задоволна покажа со објавите од последните „стори“ објави на својот Инстаграм.

Соседите кои во тоа време имаа потреба од лифтот, од објавите на сосетката дознаа каде „лежи зајакот“.

Простор за лутење веројатно нема да има зашто Мели е транспарентна за истото, а можеби и претходно напиша и известување за сите дека во влезот ќе има фотосесија за еден магазин, па да имаат разбирање.

Можеби и било така, освен ако исто не се случувало испланирано во време кога повеќето спијат, па оние случајните ќе напртават и компромис за качување по скали.

фото: Instagram printscreen/ melitameli

Останати вести од Радио Милева