Радио Милева
поглед на вистинско место

Нивес Целзиус повторно „ја крена температурата“: Разголена во едноделно боди, нејзиниот сексапил „боде очи“… до болка (ФОТО)

Нивес Целзиус повторно „ја крена температурата“: Разголена во едноделно боди, нејзиниот сексапил „боде очи“… до болка (ФОТО)

Нивес Целзиус и додека е во изолација на својот профил Инстаргам не престанува да објавува провокативни фотографии, постојано дигајќи им го адреналинот на своите машки следбеници на социјалните мрежи.

Беше „жешка“ кога по дома се фотографираше без гаќички, а во описот на фотографијата се заблагодари што и во текот на пандемијата може да се чувствува удобно…

…Расната хрватска пејачка, актерка и старлета, беше уште „пожешка“, откако во карантинот направи неколку пози како се сонча топлес на својата тераса.  Така топлес разголена, сексапилната Хрватица се пожали на зацрвенетата задница, која јаборави да ја намачка со крема за сончање, па и изгоре на сонцето.

Овој пат Нивес Целзиус одново „ја крена температурата“ откако се соблече во едноделно боди – месо боја, кое на нејзините бујни облини им даде сосема нов, попровокативен облик. Така разголена, Нивес го распосла  својот сексапил кој „боде очи“… до болка!

„Ги најдов овие стари чевли и им се израдував  како да се нови. Тие не се баш многу удобни, но тоа не ме спречи да ги носам цел ден“ – напиша Нивес во описот на фотографијата, арно ама… Има ли некој што ја гледа во чевлите или на сосема друго место застанаа погледите?

Останати вести од Радио Милева