Радио Милева
„Сељобер-Монокотиледонски“...

Никола Наумоски екс шеф на кабинетот на Шилегов, им се потсмеваше на скопската градоначалничка Арсовска и Перо-Камиказа, па овој го испрати на „едно место“: „Тоалети пред се’ – биди така“! (ФОТО)

Никола Наумоски екс шеф на кабинетот на Шилегов, им се потсмеваше на скопската градоначалничка Арсовска и Перо-Камиказа, па овој го испрати на „едно место“: „Тоалети пред се’ – биди така“! (ФОТО)

Никола Наумоски, познат како „дете на шарените“ во служба на „комуњарите“, братучед на Радмила Шеќеринска и екс шеф на кабинетот на бившиот градоначалник Петре Шилегов, одново се избламира на социјалните мрежи, по оној неодамнешен срам, кога македонскиот великан Горан Стефановски го нарече „обичен гастрбајтер“.

Проблематичниот Никола, кој  додека четири години цицаше од градската каса дебела плата и куп бенефиции удобно завален во фотелјата под клима на градоначалничкиот кабинет на Шилегов, дури откако таа фотелја почна да им се лула, почна да крева глава, па овој пат од позиција на „паднат од фотелја“, се дрзна да се потсмева со потезите на новата скопска градионачалничка Данела Арсовска, ставајќи го во контекст еден од предлозите на кандидатот за градионачалник Петар Георгиевски – Камиказа, за поставување на јавни тоалети во Градскиот парк и по кејот на Вардар во Скопје.

Откако забележал дена два т.н,. „Тои фора“ се поставени на влезот во паркот и уште дузина други низ него, за разлика од неговото време кога граѓаните вршеа нужда по жбунчиња и грмушки, Никола подбивливо и саркастично, но исо  навредлив статус кон Арсовска и особено Георгиевски се огласил со Фејсбук статус:

На ова час поскоро реагираше Петар Георгиевски, па рокерот кој е познат како човек „без влакна на јазикот“ во себесвојствен стил му реплицираше на дрскоста на доскорешното градоначалничко „кабинетско шефче“:

„Сељобер-Монокотиледонски… Ти друже што ми посакуваш среќен да умрам, а ја пееш мојата песна ‘ДИРЛАДА’ пред грчката амбасада со распеани скопјани. Да не сакаш да ти ги оставам авторските права, а?! Сега знам дека со Мирко Попов-дијагноза немате пари за бело, па поминавте на дување лепак кој многу брзо ви го суши мозокот. Набрзо тамо кај што ќе одиш, нема да имаш право на користење телефон… Е токму тамо, ти пожелувам долг и среќен живот и по можност да ги прочиташ делата на Горан Стефановски кој за тебе е селски гастарбајтер и маалски националист… Дотогаш јас среќно ќе трчам, ќе возам точак и пливам, ќе напишам уште по некој хит и ќе го чекам твоето ‘воскресение’… И да, ако треба,повторно ќе бидам скретничар на возот во кој ти и таквите како тебе ќе се возат, со една цел, никогаш да не се повторите…После Русе ти си наредниот. Биди така. Тоалети пред се“ – му возврати Перо – Камиказа на Никола Наумовски.

Дали „бившиот градоначалничко-кабинетски шеф“ ќе има на ова реплика, а Фејсбук преписката ќе добие ново поглавје, останува отворено прашање?!

Впрочем, како и дилемата дали најновиот Фејсбук „сликовит статус“ на Камиказа: „Ем, шуто, ем боде“  е доплнение на веќе искажаното кон Наумоски по теркот: „Ти кажувам (пишувам) ќерко, сети се (прочитај) снао“!

Фото: Фејсбук принтскрин/Nikola Naumoski/Petar Georgievski – Kamikaza

 

Останати вести од Радио Милева