Радио Милева

Неодамна стана српска снаа, а еве што пишуваат медиумите во регионот за Јана Стојановска

Неодамна стана српска снаа, а еве што пишуваат медиумите во регионот за Јана Стојановска

Македонската актерка Јана Стојановска пред крајот на јуни го кажа судбоносното „да“ и заплива во брчаните води со кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ.

Свадбата на Андрија и Јана се одржа во еден ресторан во Белград, а младиот пар сега ужива во првите месеци од заедничкиот живот.

Меѓутоа деновиве во српските медиуми осамнаа неколку написи за нашата актерка.

фото: Принтскрин

Оваа преубава Македонка ја запознавате во популарнате серија:  Јана Стојановска неодамна се омажи за нашиот кошаркар, а специјален гостин беше Раде Шербеџија, е еден од насловите.

фото: Принтскрин

„Јана ја запознавте пред две години во серијата „Сенки над Балканот“. Јана Стојановска со улогата на опасната Јованка го привлече вниманието на телевизиската публика.Нејзиниот партнер е кошаркарот Андрија Бојиќ за кого неодамна се омажи во Белград. Прославата беше во еден познат белградски ресторан, младоженецот беше облечен во сив смокинг, а невестата во романтичен фустан со цветни детали“ пишуваат медиумите во регионот за нашата актерка.

фото: Принтскрин/инстаграм/јанастојановска

На свадбата присуствуваше и познатиот актер Раде Шербеџија која е близок пријател на таткото на Стојановска.

Јана која по татко и има српско потекло, публиката имаше прилика подобро да ја запознае во серијата „Сенки над Балканот“.  Уогата ја добила така што нејзиниот другар, продуцент и директор на фотографијата и предложил да се појави на кастинг.

фото: Принтскрин/инстаграм/јанастојановска

Кога Јана се појавила на кастинг, имала две сценарија, едно на српски, едно на македонски.

Тоа многу ја збунило, но како што пишуваат медиумите во регионот, и помогнал нејзиниот парнтер во серијата Гордан Киќиќ.

Јана е бремена и во ноември оваа година заедно со Андрија ќе станат родители на нивното прво дете за кое велат дека е машко.

фото: Принтскрин/инстаграм/јанастојановска

Пред некое време Јана се соблече во бикини, па го покажа нараснатото трудничко стомаче.

Останати вести од Радио Милева