Радио Милева
емпатијата на фановите

Немања Гудељ сподели претажна фотографија по загубата на неродената ќерка: „Сега се заедно на небото“ (фото)

Немања Гудељ сподели претажна фотографија по загубата на неродената ќерка: „Сега се заедно на небото“ (фото)

Тажната вест дека Анастасија Ражнатовиќ го загуби бебето ги потресе семејствата Гудељ и Ражнатовиќ.

Фудбалерот Немања Гудељ вчера на социјалните мрежи ја сподели веста за загубата на бебето.

Тој напиша дека ова е болен момент за нив, но и дека веруваат дека нивната љубов ќе ги освои сите …

Немања отпатува за Будимпешта бидејќи утревечер со својот клуб Севиља го игра финалето од Лигата на Европа против Рома.

По тој повод, фановите направија фотографија на која се гледа трагичната смрт на поранешните играчи на Севиља, Антонио Пуерта и Хозе Антонио Рејес, како и силуетата на ангелче што ја симболизира ќерката која Анастасија и Немања ја загубија.

Навивачите над фотографијата напишаа „Направи го тоа за нив“, алудирајќи на тоа дека Немања и донесе победа на Севиља, а објавата фудбалерот ја сподели на својот Инстаграм профил.
Во овие тешки моменти Анастасија целосно се повлече од медиумите и ги исклучи сите профили на социјалните мержи.

фото:Принтскрин/Инстаграм/nemanjagudelj/О.Буник/А.Димитријевиќ

Останати вести од Радио Милева