Радио Милева
Многу и помогна на нашата врска

Не е се толку совршено: Џенифер Лопез со свршеникот завршиле на терапија

Не е се толку совршено: Џенифер Лопез со свршеникот завршиле на терапија
фото: Профимедиа/ тхе маге агенси

Американската пејачка Џенифер Лопез (51) се појави на насловната страница на магазинот „Allure“, за мартовското издание, а интервјуто откри дека отишла на терапија со својот вереник за време на карантин.

Во интервјуто таа зборуваше за животот во карантин и за односот со нејзиниот партнер, поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (45).

„На почетокот на пандемијата, сите се соочивме со вознемиреност, како одеднаш да сме во зоната на самракот. Но, драго ми е што конечно успеав да поминам многу повеќе време со мојот вереник и децата. Игравме бејзбол заедно, се сликавме, се посветивме на ситници што не успеавме да ги направиме порано – вели Џеј Ло.

фото: Инстаграм/џло

Пејачката изјави дека тие поминале неколку месеци во организирање на венчавката, но дека не е вистинското време.

„Во меѓувреме бевме на терапијата, мислам дека многу и помогна на нашата врска. Треба да инвестирате во себе и секогаш да работите на себе – рече латино дивата.

Останати вести од Радио Милева