Радио Милева
семејна идила

Наташа Малинкова откри како се слави Божиќ во нејзиниот дом: „Секогаш се радувам на деновите кои за мене имаат посебна магија“

Наташа Малинкова откри како се слави Божиќ во нејзиниот дом: „Секогаш се радувам на деновите кои за мене имаат посебна магија“

Новогодишните и Божиќните празници се период кога целото семејство се собира во домот и уживаат во празничните денови. Некои уште почетокот на годината заминаа некаде на зимување, некои празниците ги дочекаа дома во кругот на најмилите и најблиските.

Македонските јавни личности преку социјалните мрежи упатија искрени честитки со желба за мир, здравје и спокојство. Некои од нив го покажаа новогодишниот амбиент во домот, а за Бадник се пофалија со бадниковата трпеза која ја подготвиле.

Македонската пејачка Наташа Малинкова за време за празниците влезе во кујна, се фати за работа и покажа каква е домаќинка. Имено, таа на социјалните мрежи се пофали како подготвува пита за Бадник кој традиционално се наоѓа на бадниковата трпеза.

Малинкова разбирливо Божиќ го поминуваа дома во кругот на семејството, кое воедно и е нејзината најголема поддршка.

Таа открива како се прославува Божиќ и Бадник во нејзиниот дом.

„Отсекогаш периодот од Нова Година, па до Божиќ ми бил еден од омилените во годината. Секогаш се радувам на деновиве и за мене имаат некоја посебна магија. Како малечка палевме оган во дворот пред нашата куќа. Игравме, се радувавме и пеевме песни за Коледе. Сега овие денови имам прилика многу да патувам низ Македонија со настапите и да гледам како се слави Коледе и Божиќ низ градовите. Навистина е магично.

Во мојот град, во Кавадарци многу се слави Коледе. Се палат големи огнови, се пее, се собираат многу луѓе“ – вели пејачката.

Малинкова откри дека сама ја подготвува посната бадникова вечера. Пејачката откри како ги прославуваат празниците во нејзиниот дом.

– Најчесто имам настапи за Бадник и Божиќ. Меѓутоа во текот на денот со семејството сме сите собрани дома и сите по нешто помагаат околу подготовките. Вечерта наздравуваме и откако ќе вечераме се собираме во дневната соба и си прераскажуваме како било претходната година. Најчесто малата Емилија има многу прашања па одговараме на нив“ – кажа во една прилика Малинкова.

ФОТО: Инстаграм/natasamalinkova

Останати вести од Радио Милева