Радио Милева
маѓепсани

Нада Топчагиќ верува дека црна магија е присутна на естрдата, а половина од јавните личности се маѓепсани: „ За жал, но така е“ (фото) 

Нада Топчагиќ верува дека црна магија е присутна на естрдата, а половина од јавните личности се маѓепсани: „ За жал, но така е“ (фото) 

Популарната фолк пејачка Нада Топчагиќ неодамна проговори за присуството на црната магија на сцената, а како што наведува, со тоа се занимаваат голем број јавни личности.

Топчагиќ смета дека половина од естрадата е маѓепсана:

„Како бре не верувам, верувам во црна магија и тоа како! Па, можете да видите дека целата естрада е маѓепсана, многу од нив практикуваат вештерство. Ужас! Знам дека се постои и дека луѓето се занимаваат со сѐ и сешто. За жал, но тоа е така. Навистина се плашам од такви работи, едноставно, се плашам од сето тоа. Сум слушала и разни приказни и засебе и дека некој ми мести, но искрено, не обрнав внимание.

  – Се држам до ставот дека тоа што го правиш така и ќе ти биде во животот, . Секој нека прави што сака – заклучи Нада.

Освен фолк девојката, на истото верување е и водителката на Пинк, Јована Јеремиќ, која го потврди ставот на Нада кога е магијата во прашање.

Јована откри дека точно знае кој практикува црна магија:

– Тие што немаат моќ се справуваат со тоа, па на вештачки начин се трудат да произведуваат такви работи. Подоцна ќе им се врати назад. Познавам многу јавни личности кои практикуваат црна магија, но сите полудеа на крајот. Од тоа се полудува, се враќа како бумеранг – рече Јована.

Фото: printskrin/instagram/jeremicjovana/topcagicnada

Останати вести од Радио Милева