Радио Милева
актерката ограбена, политичарите во паника...

На српската порно глумица Невена Хот и го украдоа мобилниот: И бараат 5000 евра за да и го вратат, а во него се сите преписки и материјали со познати личности и политичари

На српската порно глумица Невена Хот и го украдоа мобилниот: И бараат 5000 евра за да и го вратат, а во него се сите преписки и материјали со познати личности и политичари

Поранешната учесничка во реалното шоу „Парови“ и порно глумица, Невена Хот на социјалните мрежи објави дека и исчезнал мобилниот телефон во кој има важни телефонски броеви, барајќи да и се помогне да го реши проблемот.

Сепак, според сознанијата таа повеќе е загрижена за порнографската содржина што ја разменила со влијателни политичари, спортисти и некои познати актери.

Во прилично нејасна и кратка објава, порно актерката напиша дека ќе го почести  оној што ќе и го врати телефонот.

„Мојот телефон е изгубен или украден. За среќа, имам втор со најважните броеви. Но, ги немам другите. Па, пријателите кои ме познаваат, ме наоѓаат на социјалните мрежи. Од понеделник, ќе го вратам истиот број. Исчезнувањето беше веднаш пријавено. Само се надевам дека телефонот ќе се врати наскоро. Ако некој го зел, го молам да ми го врати, следува парична награда. Ветувам, тој останува анонимен“ – објави таа на Фејсбук.

Невена одговори на повикот на српски Курир и потврди дека непознато лице барало од неа да му плати 5000 евра за да и го врати телефонот.

„Мојот мобилен исчезна во петокот вечерта. Мислев дека го изгубив, но за жал набргу сфатив дека е украден. Ме повикаа на другиот телефон, чиј број го имаат само неколку мои познаници, и бараа пари. Рекоа дека ќе ми го вратат телефонот ако им дадам 5.000 евра, во спротивно  ќе објавуваат содржина од мојот телефон преку Интернет. Им реков дека тоа не доаѓа во предвид и дека нема да се согласам со уцената“, објаснува Невена.

Порно актерката не сакала да открие кои се политичарите кои ги има во нејзиниот телефон.

„Само ќе кажам дека многу од нив се сега на власт и луѓето се во брак, станува збор за нивните семејства. Не би сакал на никого од нив да му страда бракот“.

Останати вести од Радио Милева