Радио Милева
одмор по финалето

На сцената ја видовте во разни комбинации, од калуѓерка до танчерка, а вака изгледа битолчанката Марија Груевска кога ќе се соблече во бикини (фото)

На сцената ја видовте во разни комбинации, од калуѓерка до танчерка, а вака изгледа битолчанката Марија Груевска кога ќе се соблече во бикини (фото)

Младата битолчанка Марија Груевска со нејзиното прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“  и нејзините различни модни комбинации го импресионираше жирито.

Имено, за секој круг Марија имаше различен перформанс и секојпат добиваше позитивни коментари, посебно од Карлеуша која истакна дека е висока мода и дека таа е македонската Лејди Гага.

Груевска од круг во круг доминараше, а како што истакна концептот на нејзините настапи ги смислувал нејзиниот татко кој е свештеник.

Таа под менторство на Александра Милиќ Мили стигна до самото финале, а таму го освои шестото место.

По завршувањето на сезона, Марија по речиси година патувања, натпреварувања, подготвувања, одлучи да здивне и малку да одмори.

Бидејќи надвор веќе е топло и владеат високи температури, Груевска го искористи убавото време за да се „распушти“, па да се опушти.

Имено, таа на својот Инстаграм објави фотографија на која позира во бикини издание.

Таа позира на плажа со коктел во раката, па пејачката дефинитивно се освежува од летните горештини.

Објавата за краток период достигна над 5 000 лајкови, а веруваме дека Груевска ги наполнила батериите и е подготвена за новите работни проекти и ангажмани кои ја очекуваат во следниот период.

фото: Инстаграм/марија груевска

Останати вести од Радио Милева