Радио Милева
Тажна вест

На македонската Гранд ѕвезда, Марија Груевска, три дена пред свадба и се случи семејна трагедија (фото)

На македонската Гранд ѕвезда, Марија Груевска, три дена пред свадба и се случи семејна трагедија (фото)

Познатата битолска пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска за три дена ќе се мажи, но со грутка на градите бидејќи почина нејзината баба.

Пејачката тажната вест пејачката ја објави на својот Инстаграм профил и напиша:

„Ќе ми недостигаш премногу. Животот понекогаш е премногу суров и не знаеш дали да се радуваш затоа што за три дена правиш свадба или да плачиш заради загубата на најблиска личност. Почивај во мир бабичке најсакана, секогаш ќе живееш во мене и во моето срце“, напиша Марија во објавата на кој што сподели фотографија од нејзината баба.

Инаку, Марија најави дека ќе прави голема свадба во нејзината родна Битола, а поканети се околу 600 гости.

Пред да почнат со подготовките таа и нејзиниот избраник Синиша беа на одмор во Грција.

фото:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева