Радио Милева
Вака се сака Македонија

На МАЦ 2020: „Јас сум Македонец, тоа е Македонија“… Влатко Лозаноски уште еднаш покажа колку е голем и како музичка ѕвезда и како вистински патриот и Македонец! (ВИДЕО)

На МАЦ 2020: „Јас сум Македонец, тоа е Македонија“…  Влатко Лозаноски уште еднаш покажа колку е голем и како музичка ѕвезда и како вистински патриот и Македонец! (ВИДЕО)

Вчеравечер во „Штарк Арена“ во Белград на спектакуларната музичка церемонија  на доделувањето на регионалните музички награди „МАC 2020“, Влатко Лозановски ја освои наградата за најдобра поп-фолк нумера во регионот, за нумерата „Мајко“. Влатко победи во силна конкуренција, меѓу номинираните беа Тропико бенд, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

Откако беше најавен како момчето од  „Севена Македонија“, Влатко кога излезе на сцената најпрвин им се заблагодари на сите што гласаа за него, ги поздрави своите соработници, организаторот и публиката и како вистински патриот, како горд Македонец ја коригираше најавата со зборовите:

„Морам да го поправам Сале… Јас сум Македонец и тоа е Македонија, а не со таа додавка која ја кажа пред малку. Сакам да ги поздравам сите Македонци и да им заблагодарам што ме поддржуваат сите овие години. Ви благодарам уште еднаш и се надевам дека нема да ми забележите што ви се обраќам на македонски јазик…“ – рече Лозано во своето обраќање при примањето на наградата, пошегувајќи се дека слушнал дека впрочем, македонскиот и на Јелена Карлеуша и е најсекси јазик!

Со ова регионално признание, но пред се со својот настап и гест Влатко Лозаноски уште еднаш покажа колку е голем… И како музичка ѕвезда и како вистински патриот и Македонец!

Впрочем, како и минатата 2019 година, кога беше првиот од малкумината кој одби да пее при промената на името на прославата што ја организираше власта, на која и го врати хонорарот!

Како изгледаше овој негов настап и гест во Штарк Арената на МАЦ 2020 во Белград, погледнете во продолжение:

Останати вести од Радио Милева