Радио Милева

Можеби до крајот на шоуто ќе стане српска снаа: Елена Миленковска се врати во „Ѕвездите на Гранд“, а тој и беше најголема поддршка

Можеби до крајот на шоуто ќе стане српска снаа: Елена Миленковска се врати во „Ѕвездите на Гранд“, а тој и беше најголема поддршка
фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, започна неодамна, а како и претходните години така и оваа ќе имаме прилика да гледаме многу македонски канндидати.

Во последната емисија на музичкото шоу, настапуваше и веќе добро познатата македонската кандидатка Елена Миленковска.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Елена на сцената на „Гранд“ се појави во црвена комбинација, а нејзина поддршка во собата за емоции беше нејзиниот свршеник Гуте Маринковиќ.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Елена во првиот круг се претстави со песните „Да се опет теби вратим“ од Нина Бадриќ и „соба 23“ од Наташа Беквалац.

По нејзините интерпретации, Елена доби три гласа, од Ана Бекута, Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Бидејќи Елена претходната година беше во групата на Ана, па сега немаше право повторно да и биде ментор.

Миленковска за свој ментор за новата сезона на музичкото шоу го избра Ѓорѓе Давид.

„Само да ти кажам, првата песна си ја подготвувала, затоа што ја сакаш. А другата ја собра патем, како да имаше некоја песна. Тоа не смее да се случува, ниту ќе се случува“ изјави Давид.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

Елена се пред жирито и публиката се пофали со својот свршувашчки прстен, па најави дека можеби до крајот на шоуто ќе стане српска снаа.

фото: принтскрин/јутуб/ѕвездегранда

За потсетување, Елена и Гуте претходната сезона учествуваа во музичкото шоу, а и двајцата беа под менторство на Ана Бекута. Поз авршувањето на шоуто тие започнаа врска, а набргу се свршија, односно Гуте ја побара Елена за сопруга на нејзниот роденден.

Нејзиниот настап погледнете го видеото подолу на 25:26.

 

Останати вести од Радио Милева