Радио Милева
мераци

Момчето на Тамара ја пофали дека е права домаќинка: Таа горда на делото – „печена“ за мажачка (фото)

Момчето на Тамара ја пофали дека е права домаќинка: Таа горда на делото – „печена“ за мажачка (фото)

Тамара Тодевска и незиниот сакан не пропуштаат ниту еден заеднички момент, везден заедно, а ако судиме според нивните зачестени објави на Инстаграм, на пејачката и архитектот им цвета во љубовта.

За Тамара Тодевска сите добро знаеме дека е еден од најдобрите вокали во земјава. Реализирана жена, посветена на кариерата, децата, на себе и секако љубениот.

Познато е дека неколку години наназад стана страствен вљубеник во вежбањето, ги намали килограмите, од неодамна почна да прави и музика, сака вечерни излегува со друштво, а неговото и е едно од омилените. Тамара секогаш немирна ко ветер, со темпераментен дух каков што имаат астролошките близнаци како неа.

Токму близнаците, знаат да изненадат со нешто за кое на крај памет нема да ти падне, а тоа секогаш да биде изведено до перфекција, како во случајов. Тамара неодамна пред пријателките и Лука се пофали дека е одличен готвач во кујната, а сега уште еднаш се докажа и покажа дека е постојана во истото.

Имено, таа деновиве со или без повод засука ракави во кујната и подготви месо со прилог од зелечук, а на истото претходеше „стартер“ од разни сувомеснати производи и сирења.

За истото се пофали самата преку социјалните мрежи, а секако ја пофали и Лука кој во коментар напиша дека е вистинска домаќинка.

Вредна и искусна мајсторица во кујната, а и во заедница – печена за нова мажачка.

фото: Instagram printscreen/ tamaratodevska

Останати вести од Радио Милева